Советот за етика во медиумите со осуда на нападот кон новинарката на Ал Џезеира
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира на протестот во Скопје, организиран од политичката партија ВМРО - ДПМНЕ.
 
 
Новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ се нападнати додека ги извршувале своите професионални обврски, што е незамисливо во една демократија. Толеранцијата на вакви напади и спречувањето на медиумските работници да си ја вршат својата работа носи ризик тие да се повторат и да се засилат, со што не се загрозува само безбедноста на колегите, туку и елементарното право на граѓаните да бидат вистински информирани.
 
 
Затоа бараме од институциите итно расветлување на инцидентот и одговорност за напаѓачите, а од партиите поголема одговорност во спречувањето на говорот на омраза и делата што произлегуваат од него - стои во соопштението од СЕММ.


Додади коментар