Скопјанец превзеувал мигранти, фатен кај Демир Капија

 

Вчера во 6 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, кај тунелите Д.Капија, запрен е патнички автомобил марка „Ауди“со бугарски национални ознаки управувано од Д.Д.(37) од Скопје. Од извршената контрола е констатирано дека лицето во возилото превезува 10 лица од Р.Пакистан со илегален влез во Р.Македонија.

Лицето е приведно и задржано во ПС ОН Неготино, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до Основен суд – Неготино, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Од полицијата информираат дека вчера околу 15.30 часот, во Велес на крстосницата од ул.“8-ми Септември“ со ул. „Архиепископ Михаил“ и ул.“Страшо Пинџур“ се случи сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл марка „Тумопар“ со велешки регистарски броеви управуван од И.К.(47) од Велес и мотоцикл марка „Кимко“ со велешки регистарски броеви управуван од М.Ѓ.(22) во Велес.

 

Во незгодата возачот на Мотоциклот марка „Тумопар“ со возило на ИМП е пренесен во ЈЗУ Општа болница - Велес се констатирани повреди и по укажаната лекарска помош е задржан на лекување. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.

 

 

 

 

Додади коментар