Синалко Македонија стана премиум партнер на Синалко интернационал
06-10-2015 РЕГИОН

Кавадаречката компанија „Кожувчанка“ која ги произведува соковите синалко доби статус на премиум партнер на Синалко интернационал. Ваквата одлука директно на менаџерскиот тим на „Кожувчанка“ им ја соопшти генералниот менаџер на Синалко интернационал, Монги Гунди, кој после три години повторно е во посета на своите партнери и на Кавадарци.

Синоќа претставниците на Синалко за Македонија, сопственикот на Кожувчанка, Митко Јанчев, менаџери на комапнијата и генералниот менаџер на Синалко интернационал беа примени од градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. На средбата се разговараше за плановите на овие компании и за проширување на производството и пазарите.

 

„Од пред некое време „Синалко“ од Кавадарци е присутен и на црногорскиот пазар. Оваа подршка што им ја дава „Синалко интернационал“ и генералниот менаџер на „Кожувчанка“ е огромен комплимент за мене, бидејќи Митко Јанчев и неговата компанија се дел од Кавадарци, а Кавадарци е сепак на второ место по економскиот развој. На приемот дискутиравме и за други бизнис теми, за продлабочување на нивниот бизнис, тука и надвор од Македонија“ рече Панов.

 

Сопственикот на „Кожувчанка“ Митко Јанчев нагласи дека неговата компанија секогаш се стреми кон нови производи. Задоволен е што се зацвртува соработката на неговата компанија со „Синалко интернационал“.

“Посетата на генералниот менаџер, Монгу Гунди е од многу важен карактер. Доаѓа по три години. Можам да кажам дека добивме статус на премиум партнер на Синалко интернационал. Тоа за нас е голема чест и задоволство. Добиваме поголеми привилегии во „Синалко интернационал“. Се надевам дека ќе продолжиме со пораст на производството и развивањее на нови бизниси“ рече Јанчев.

Генералниот менаџер, Монги Гунди изјави дека е задоволен од соработката со Синалко во Македонија. „ Можам да го видам прогресот кој е направен овде. Со Синалко сме од самиот почеток и добро ја познаваме компанијата“ рече Гунди.

 

Ангел Данов



Додади коментар