Силна поддршка со многу проекти за Кавадарци од државата
07-06-2019 РЕГИОН

По неколку децении за прв пат се направи сериозна реконструкција на влезот во Кавадарци од Росоман. Оваа делница која е од големо значење за граѓаните на Кавадарци, но и за бизнис секторот е целосно со нов асфалт, проширена, со средена атмосферска канализација. Со реконструкцијата се овозможува поголема безбедност во сообраќајот на овој мошне фркфентен патен правец. Со реконструкцијата се продолжува и на регионалниот пат кон Росоман.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска беше на увид на овој проект заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов. Кажаа дека Кавадарци добива сериозна поддршка на неколку капитални проекти.

 

 

Значајни и големи капитални проекти најавува градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Ќе се гради пешачката патека до Моклиште, скејт парк во комплексот „Јасмин“, но и заобиколница во Кавадарци.

 

 

Додади коментар