Се средуваше хаосот по невремето во Кавадарци и Неготино
19-06-2019 РЕГИОН

Попладнево повторно Кавадарци и Неготино беа зафатени од невреме проследено со пороен дожд.  Веднаш по невремето екипи на ЈП Комуналец работеа на расчистување на наносите од кал и камења.

На терен беше излезен и градоначалникот Митко Јанчев.

 

Поројниот дожд направи хаос и низ Неготино. И таму се расчистуваа наносите од кал и камења. Од прес службата на општина Кавадарци информираа дека екипи од кавадаречкото комунално претпријатие и од ТПЕ Кавадарци биле на помош во Неготино за испумпување на водата од подрумски простории.

 

 



Додади коментар