Се отстрануваат гаражи од јавно прометни површини во Кавадарци
04-10-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци продолжува со акцијата за отстранување на диво поставените лимени гаражи од јавно-прометните површини. Деновиве се спроведува расчистување на просторот зад „офицерската зграда“ на ул. „7-ми Септември“.

Овој јавно-прометен простор се наоѓа на ул.„Крсте Мисирков“, каде предмет на отстранување од узурпираниот простор се 11 лимени гаражи.

 

По спроведувањето на целата акција и расчистувањето, тој простор ќе биде уреден и претворен во паркинг за возоилата на станарите од тој дел на Кавадарци.

Додади коментар