Седумгодишно дете повредено по пад од тераса, 33 годишник нападнал 10 годишно дете

Во текот на вечрашниот ден  во 14.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци од тераса на куќата во која живее паднало седумгодишно дете и се здобило со повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје - информираат од СВР Велес.

 

Исто така вчера во 16.10 часот во Полициската станица Неготино, С.С.(35) од с.Тремник, неготинско, пријавил дека околу 15.50 часот пред продавница во с.Тремник К.С.(33) физички го нападнал неговото десетгодишно дете. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.

 

                                     



Додади коментар