Седница на економско социјалниот совет на Кавадарци
08-07-2013 РЕГИОН

Кавадарци е општина со одлично развиена бизнис клима, позната бизнис дестинација,  каде во наредниот период ќе влегуваат уште неколку инвестиции за подобрување на социо-економскиот амбиент, беше речено  синоќа на состанокот  на економско социјалниот совет на општината.   Ова три партитно тело ги разгледуваше состојбите и приликите во општината, а се разговараше отворено за проблемите кои треба да се надминат во пресрет на новите инвестиции кои се очекувале.

„Во општината ни е потребна што поефикасна администрација која ќе ги следи новите инвестиции. Исто така, многу е важно да имаме ист третман како локална самоуправа, како кон големите така и кон малите претпријатија. Оти малите претпријатија се впрочем генераторот кој го придвижуваат стопанството. Веќе се градат три нови винарии во Кавадарци кои во наредниот период треба да помогнат во решавањето на проблемот со откупот на грозјето“ рече претседателот на економско социјалниот совет Илија Тренчев.

Претставникот на Конфедерацијата на работодавачи на Македонија, Миле Бошков рече дека кавадаречкиот економско-социјален совет бил пример за квалитетен дијалог во Македонија.

“Бизнис заедницата треба слободно и отворено да проговоридека не само одредени компании се обврзани да го полнат буџетот, туку дека сите треба да бидат вклучени во социо-економското движење во државата. Новите инвестиции бараат нови знаења, затоа е потребно приспособување кон новите технологии“ рече Бошков и потенцира дека средните стручни  училишта во земјава треба да започнат со промена и усогласување на наставните програми со цел да се создават квалитетни кадри според побарувачката на работна сила.

А.Д

 

Додади коментар