СДСМ: Со вложувањето во здравството се овозможи успешно справување со најголемата здравствена криза
22-05-2020 РЕГИОН

„Вложувањата кои владата предводена од СДСМ ги направи во здравството, овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминативе децении“ - рече меѓу другото на денешната прес конференција директорот на кавадаречката болница и член на ИО на СДСМ, д-р Диме Коцев.

 

 

(интегрален текст) Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови.

Затоа наш приоритет од почетокот е подобрување и унапредување на јавното здравство, поквалитетни услуги за пациентите и подобри работни услови за здравствените работници.

Ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме услови за продолжување на нивниот работен ангажман во сопствената држава, односно можност тие својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

Во изминативе три години извршено е зголемување на платата во здравството во четири наврати, со што се постигна покачување на основната плата на докторите специјалисти за 40%, на медицинските сестри за 23%, на општите доктори за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%.

Ги покачивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници, со што надоместокот за истите е зголемен за два до три пати.

Дополнително вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со ковид-19 ќе добијат награда во износ од 20% од основната плата за 2 месеци.

Наградени ќе бидат сите здравствени работници и соработници вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирус; доктори, медицински сестри и помошно- технички персонал како што се: болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош -во сите Јавно-здравствени организации- болници, институтите каде што се вршеа испитувањата, здравствените домови кои го организираа транспортот итн.

Исто така во овој период инвестиравме во реконструкции и обнови на оддели во здравствените установи.

Обезбедивме нова современа медицинска опрема, со цел подобрување на условите за работа и лекување во јавните здравствени установи.

Направивме многу до сега, но имаме уште многу да направиме.

Продолжуваме да работиме посветено на подобрувања во секоја област: инфраструктура, опрема, терапија, персонал, затоа што само така, со сеопфатен пристап кон сите сегменти во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем за сите.

 

Ви благодарам

Диме Коцев

Член на И.О на СДСМ Кавадарци



Share

Додади коментар