21.09.2017 (КТВ) Од општинската организација на СДСМ денеска обвинија дека градоначалникот на Неготино, Ванчо апостолов успешно го следел примерот за криминално работење на неговиот шеф, Никола Груевски. Според СДСМ потврда за тоа биле трите кривични пријави против градоначалникот.
(интегрален текст од прес конференцијата)
Почитувани сограѓани, претставници на медиумите, Tрите кривични пријави поднесени против крадоначалникот во заминување, Ванчо Апостолов, го потврдуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Неготино за кој со години алармираат граѓаните а ние предупредувавме во јавноста.
Апостолов се товари за злоупотреба на службената положба со што го оштетил буџетот на Општината за десетици илјади евра народни пари. Ова е доказ дека Апостолов успешно го следел примерот за криминално работење на неговиот шеф Никола Груевски и работел спротивно на законите за лично криминално богатење на сметка на граѓаните. Граѓаните одамна го препознаа криминалното, расипничко и деструктивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ како на централно така и на локално ниво.
Затоа, на претстојните избори, граѓаните ќе ја дадат својата поддршка за чесната понуда на СДСМ и коалицијата и ќе изберат нова одговорна услужна власт што ќе работи во интерес на граѓаните и општината. Граѓаните ќе стават крај на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, а Апостолов, продолжената рака на Груевски, освен со политичката, го чека соочување и со правна одговорност за неговото незаконско работење.

Додади коментар