СДСМ: Капиталните инвестиции се реализираат со забрзана динамика и во вонредни околности
28-05-2020 РЕГИОН

На денешната прес конференција ОО на СДСМ Кавадарци потсети на капиталните проекти кои се реализираат во општината. Беше посочено дека со забрзана динамика и во овој кризен период се реализираат капитални проекти.

(интегрален текст)

Кризата предизвикана од пандемијата со корона, не ги попречи капиталните инвестиции.  Истите продолжуваатда се реализираат и тоа со забрзана динамика дури и во вонредни околности.  Успешно ја спроведуваме долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе се остане и за идните генерации.

 

Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги притоа мерките за заштита. Тоа е новото нормално. На овој начин и помагаме на економијата во многу важен период.  Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин.

Наследивме руинирана држава. Држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа.  Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта.

Во изминативе три години инвестирани се речиси една милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.

 

Во оваа измината година во општина Кавадарци беа реализирани клучни инфраструктурни проекти од исклучително значење за целиот овој регион.

Извршивме изградба на нов мост и проширување на патот околу мостот во Ваташа.  Исто така извршивме рехабилитација на транзитниот дел на регионалниот пат P1107, кој комплетно ја менува, ја разубавува сликата за влезот на Кавадарци.

Во наредниот период предвидена е исто така и целосна рехабилитација на патот се до с. Росоман, со што добиваме квалитетно инфраструктурно поврзување со нашата соседна општина.

 

Покрај ова започната е рехабилитација и на патот од Мушов гроб до с.Мрежичко, која се очекува да биде целосно завршена оваа година.

Инвестициите во инфраструктурата остануваат наш приоритет и во овие нови околности.

 

Во изминативе три години направивме многу.

Меѓутоа можеме уште повеќе и уште подобро.

 

 



Додади коментар