СДСМ: Каде беше Јованчев и ВМРО-ДПМНЕ кога на лозарите им се случуваше цунами од 2009 до 2016? (видео)

 

 Општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска одговори на вчерашните обвинувања од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев дека земјоделците се соочувале со политичко цунами. Го прашаа Јованчев каде бил од 2009 до 2016 година кога на лозарите им се случувало вистинско цунами..

 

 

(интегрален текст)  Изминативе неколку денови се од големо значење за Република Македонија. Имено, Владата предводена од СДСМ за само една година успеа во она што Владата на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи за десет години. Успеа да ја тргне блокадата во однос на нашите евро-атлански интеграции. Минатата недела добивме датум за започнување на преговорите со ЕУ, а на претстојниот самит на НАТО, Република Македонија ќе добие и официјална покана за членство во алијансата.

 

Во вака значајни моменти за Македонија, наместо ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција, тие повторно врз основа на нивниот лажен патриотизам, гледаат единствено политички да поентираат. И самите сме сведоци за тоа што лажните патриоти зборуваат на телефон, а што пред камера. За какво распродавање на националните интереси зборува денес ВМРО-ДПМНЕ, кога со договорот нашиот идентитет и јазик се целосно заштитени.

 

Политичкото цунами за кое зборува претседателот на О.К на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци им се случи на лозарите. Меѓутоа во 2009 и 2016 година. Во овие години нивното грозје беше откупувано од страна на винарските визби по 7 денари за килограм грозје, а подоцна пари не им беа исплаќани на лозарите. Каде беше тогаш Зоран Јованчев да прави вакви драматични прес конференции? Каде беше тогаш Зоран Јованчев да биде толку загрижен за лозарите?

 

 

Вакви откупни години, Владата предводена од СДСМ во иднина нема да дозволи. Имено во програмата на владата е преземена обврска, да се спроведе интервентен откуп на грозјето, доколку повторно се појават проблеми со откупот. Ова мерка веќе се спроведува од страна на Владата во однос на доматите, и за сега истата дава резултат.

 

ВМРО-ДПМНЕ лаже кога вели дека паричните средства за штетите од временските непогоди не се исплаќаат. Во текот на вчерашниот ден, министерот за земјоделие потврди дека 89 милиони денари по овој основ им се исплатени на земјоделците.

 

Со мерките на Влада трудот на земјоделците ќе биде соодветно вреднуван.

 

Со мерките на Владата, во иднина нема ниту еден килограм грозје, и било кој друг земјоделски производ , да биде оставен да скапува на нивите и откупните пунктови, како што тоа беше случај во минатото.

Додади коментар