СДСМ: Избори во најбрз можен рок, додека епидемијата е под контрола
23-05-2020 РЕГИОН

„Избори треба да се одржат што побрзо, согласно сите протоколи за заштита, додека епидемијата е под контрола“ порачаа денеска од ОО на СДСМ Кавадарци.

 

(интегрален текст) Македонското здравство навремено реагираше и добро се справи со коронавирусот. Епидемијата е ставена под контрола.

Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата, со што во ниту еден момент не се оптовари капацитетот на македонскиот здравствениот систем.

Меѓутоа треба да бидеме свесни дека вирусот е сеуште тука.

Вирусот нема да исчезне и истиот ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или не се пронајдесоодветна вакцина.

Ова значи дека сите ние мора да се навикнеме на новата реалност, одноно на новото нормално.

Треба да бидеме свесни дека се уште можеме да се заразиме и затоа е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита.

Да ја одржуваме потребната физичка дистанца, да не се групираме, да носиме заштитна опрема како и редовно да вршиме дезинфекција на рацете.

Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

Токму поради овие причини потребни се избори во првиот можен рок.

Избори треба да се одржат што побрзо, согласно сите заштитни протоколи, додека состојбата со COVID 19, може да се контролира.

Односно, додека границите се затворени, со што значително се превенира внесување на вирусот во државата и негово ширење.

Тоа е одговорно од аспект на заштита на здравјето на граѓаните, за рестарт на економијата, функционални демократски институции и целосна подготвеност за справување со последиците од Ковид и за очекуваниот нов пик на есен.

Не смееме да и нанесеме штета на државата, на здравјето на граѓаните ниту пак да ја доведеме земјата во уставна криза.

СДСМ како одговорна партија ова нема да го дозволи.

Потребно ни е функционално Собрание, како и политичка Влада заради справување со идните предизвици.

 

 

 

Додади коментар