Во изминатата година со поддршка од владата се реализираа значајни капитални проекти во Кавадарци. И во наредниот период продолжува реализацијата на големи проекти за Кавадарци, беше речено меѓу другото на денешната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци.
(интегрален текст)
2019 беше доста успешна година на полето на капитални проекти.
Имено реализацијата на капиталните инвестиции за оваа година од страна на Владата предводена од СДСМ изнесува 86%.
Овој висок процент на реализација на капиталните проекти директно влијае на економијата, поттикнувајќи економски раст и директно решавање на најважните суштински и егзистенционални потреби и проблеми на граѓаните кои во минатото беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Во оваа измината година во општина Кавадарци беа реализирани клучни инфраструктурни проекти од исклучително значење за целиот овој регион.
Извршивме изградба на нов мост и проширување на патот околу мостот во Ваташа. Изградбата на овој мост како и проширувањето и асфалтираањето на патот претставува решавање на повеќедеценискиот проблем со кој се соочуваа жителите на Кавадарци, Ваташа како и компаниите и туристите кои гравитираат во овој регион. Вредноста на целиот проект изнесува 480.000 евра.
Исто така извршивме рехабилитација на транзитниот дел на регионалниот пат P1107, кој комплетно ја менува, ја разубавува сликата за влезот на Кавадарци.
Станува збор за санација и рехабилитација на булеварско решение со 4 (четири) ленти во должина од 1.100 метри. Вредност на овој проект изнесува 318.000 евра, инвестиција од страна на оваа Влада.
Во наредниот период предвидена е исто така и целосна рехабилитација на патот се до с. Росоман, со што добиваме квалитетно инфраструктурно поврзување со нашата соседна општина.
Покрај ова започната е рехабилитација и на патот од Мушов гроб до с.Мрежичко, која се очекува да биде целосно завршена оваа година.
Во општина Кавадарци, како и во цела држава се гради како никогаш до сега.
СДСМ продолжува и понатаму интензивно да работи во интерес на граѓаните.
Граѓаните ги препознаваат овие заложби и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат.
Додади коментар