СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ направи здравствен пуч
Техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев продолжува со незрелото, несериозно и неодговорно однесување - обвинија на прес конференција од СДСМ.
 
Чулев не е способен да воведе ред ниту во Министерството за внатрешни работи, а не пак во државата.
 
Последен пример за тоа е синоќешното прекршување за забраната за јавни собири од страна на 7 полицијаци блиски до Чулев и Христијан Мицкоски.
 
Наместо да го обезбедуват почитувањето на мерките и задолженијата, полицајците на Чулев директно ја прекршиле забраната.
 
Со тоа припадниците на полицијата го прекршиле членот 206 од Кривичниот законик, односно не постапиле согласно здравствените прописи во време на епидемија.
 
Еве, фотографија на „домаќинот“ на забавата сликан во пријателска атмосфера со Мицкоски и со Игор Јанушев.

 

Истовремено, јавноста беше сведок и на друго прекршување на забраната за собири од страна на припадници на МВР
 
Во Крушево, заменик командирот на полициската станица, Благојче Димсоски кадар на Наќе Чулев исто така ја прекршил забраната за собири за што постојат и јавно објавени фотографии.
 
Ваквите случаи директно ја поткопуваат довербата во полицијата и Министерството за внатрешни работи.
 
Наместо во обезбедување на почитување на мерките и задолженијата, Чулев злоупотреби полициски службеници за снимање на пропагандни спотови. Наместо ред и дисциплина, Чулев јавно кажа дека полицијата нема да ги казнува оние кои ги прекршуваат забраните.
 
Кратовскиот пир во режија на ВМРО-ДППМНЕ е потврда дека опозицијата свесно и со умисла, со недели го реализира подмолното сценарио за ширење на заразата. 

ВМРО-ДПМНЕ освен по терористичкиот напад на крвавиот четврток ќе бидат обележани и како партија која направи здравствен пуч.
 
Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Со неговото неработење поттикнува непочитување на мерките и директно го загрозува јавното здравје.
 
Затоа, граѓаните, јавноста со право очекува негова оставка веднаш.

Додади коментар