Реконструкција на три училишта во Кавадарци
28-08-2015 РЕГИОН

Осум нови училници ќе се доградат во гиманзијата „Добри Даскалов“, ќе се менува покривот и старите прозорци, ќе се доградува и во СОУ Ќиро Спанџов Брко“, а ќе се реконструира и ОУ „Гоце Делчев“ Овие активности се дел од проектот за реконструкција на образовните институции во Кавадариц. Проектот тежи 41 милион денари, пари обезбедени од заем преку Светска Банка. Денеска министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот Алекандар Панов потпишаа договор за реализација на проектот.

-         „Ќе се доградуваат осум нови училници во гимназијата „“Добри Даскалов со што ќе се овозможи едносменска настава. Ќе се замени и покривот и прозорците. Со што сите училишта ќе бидат енергетски ефикасни и ќе овозможиме наставниците и учениците да ја изведуваат наставата во подобри услови .Заедно со општината продолжуваме во реализација на други проекти“ рече Ставрески по потпишувањето на договорот и нагласи дека се подобрувал стандардот на граѓаните во Кавадарци. Бројот на вработени во Дрекслмаер бил над 5000, а во наредниот период ќе биле примени уште 500 нови работници. Сто лица од Кавадарци своето вработување го обезбедиле преку проектот „Македонија вработува“’.

Градоначалникот Александар Панов рече дека со реконструкцијата на трите училишта се завршува процесот кој беше започнат за подобрување на услоците за настава.

„Овие средства ке ги употребиме за реконструкција, со тоа ќе завшриме со сите десет образовни институции кои се наоѓаат во општина Кавадарци“ рече Панов.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар