Регистриран нов случај на Ковид 19 во Кавадарци
10-07-2020 РЕГИОН

Педесет и пет годишен кавадарчанец е позитивен на Ковид 19, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци. 

 

„Лицето е на домашно лекување, а е вработено во „Дрекслмајер. По пројавените симптоми е извершено тестирање и резултатот е позитивен. “  рече за КТВ епидемилогот д-р Ристе Јовановски.

 

Се работи на утврдување на неговите контакти. 

 

Ова е трет случај на вработен во „Дрекслмајер“ од почетокот на епидемијата.

 

А.Д



Додади коментар