Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Македонија е на прво место во регионот по смртност
22-05-2020 РЕГИОН

(интегрален текст) СДСМ се фали дека успешно се справила со корона вирусот додека бројот на заболени граѓани секојдневно расте.
Состојбата е алармантна имајќи ги во предвид официјалните податоци во Македонија во изминатите 6 дена заразени се вкупно 158 граѓани, а починати се 15.
Фактите говорат дека Република Македонија е на прво место во регионот по смртност на милион жители и по бројот на заразени, истовремено Македонија бележи најмал број на тестирани на милион жители.
За разлика од Македонија, во другите држави бројот на заболени од коронавирусот се намалува.
Владата на СДСМ и Зоран Заев ниту се справија со здравствената криза, ниту пак
со економската криза.
Нивната неспособност и неодговорност граѓаните ја чувствуваат.
Згора на тоа додека европски напредните земји бараат постигнување на политички консензус помеѓу политичките чинители и исполнување на здравствените критериуми за да одат на избори, Заев и по цена на човечки избори сака избори само да за да го ублажи изборниот пораз.
За разлика од СДСМ, за ВМРО-ДПМНЕ приоритет е здравјето на граѓаните.
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

Додади коментар