Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната влада на СДСМ ја бележи најлошата реализација на капитални инвестиции

„Криминалната влада на СДСМ ја бележи најлошата реализација на буџетски средства по основа на капитални инвестиции“ - реагираат на денешната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

(интегрален текст) Просекот на реализација на капитални инвестиции во три и пол годишното владеење на владата на СДСМ е под 70 проценти и тоа е одраз на нивната неспособност и неработа.

 

Ова значи дека криминалната влада на СДСМ наместо парите на граѓаните да ги инвестира во реализација на капитални инвестиции, таа ги троши расипнички и недомаќински на милионски тендери задоволувајќи ги интересите на функционерите на власта и Зоран Заев.

 

Во време на пандемија наместо да се скратат парите за непродуктивни трошоци кај сите буџетски корисници и средствата да се пренасочат за здравството, владата на СДСМ набавува морска храна и скапи пијаци.

 

Забеганоста на власта на СДСМ отиде и до таму во време на економска и здравствена криза да на почетокот на вонредната состојба до денес потрошила 294.310 за реновирање и купување на столарија.

 

Ова е доказ дека владата ниту се грижи за граѓаните, ниту пак реализира капитални инвестиции.

 

Ниту граѓаните, а ниту пак СДСМ верува во сопствените лаги владата е способна во време на криза да гради и да реализира капитални инвестиции.

 

Со СДСМ и Заев, Република Македонија и граѓаните добија хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

Се ближи крајот на најнеспособната, најнеодговорната влада на СДСМ во историјата на независна Република Македонија

Додади коментар