Протестираа и средношколците во Неготино
18-03-2015 РЕГИОН

По протестот на средношколците во Кавадарци денеска претпладне протестираа и дел од средношколците, матуранти  од СОУ „Свети Кирил и Методиј“ Неготино.  Маршот помина низ улиците на градот до зградата на локалната самоуправа.

И средношколците од Неготино преку протест ги искажаа своите барања. Рекоа „Не“  на математиката како задолжителен предмет на државна матура и „не“ за новиот концепт на државна матура кој опфаќа полагање на ектерните предмети во два термини, со намалено време за тестирање и со поделба на тестовите на електронски и писмен дел.

Средношколците информираа дека побарале прием и од градоначалникот, но поради негово служено отсуство средба не била одржана. Тие не се откажувааат од намерата да издејствуваат исполнување на нивните барања и покрај притисоците кои ги добивале да не протиестираат. Рекоа дека протестите и покрај тоа  ќе продолжат и во наредниот период.

„Во овие мигови сите заедно дејствуваме како едно семејство наречено „средношколски пленум“  под мотото „Стоп за лошите реформи во средното образование“ рекоа матурнатите.

А.Д

Додади коментар