Пронајдена бомба кај жител на Росоман, пешак удрен во Велес

 

Сопругата на педесет и едно годишниот З.М од Росоман вчера пријавила во кавадаречката полиција дека нејзиниот сопруг Р.М (51) околу пет години чува бомба во куќата.

 

Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС Кавадарци извршиле претрес во собите од куќата и била пронајдена експлозивната направа.

 

„Бомбата е одземена и предадена за ништење на службите од Дирекцијата за заштита и спасување“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

                                

Во Велес пак на учицата „Страшо Пинџур“ вчера патнички автомобил Цитроен Ц3 со велешки регистарски ознаки управуван од 66 годишниот Љ.Б го удрил пешакот М.П (27) од Велес. Од ударот пешакот се здобил со телесни повреди. Лекарска помош му била укажана во велешката болница, а потоа бил пуштен на домашно лекување.

 

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.

 

А.Д

 

Додади коментар