Продадени сите парцели во индустриска зона во Неготино
23-12-2014 РЕГИОН

На последното одржано јавно наддавање организирано од страна на стручните служби на општина Неготино, по електронски пат се продадоа и преостанатите 7 градежни парцели во Индустриската зона „ Неготино “ на површина од 8 хектари. Почетната цена за метар квадратен се движеше од 61 денар, а на продажба беше и една парцела за индивидуално домување на површина од 437 метри квадратни со почетна цена од 373 денари по метар квадратен.

 Со продажбата на овие парцели лоцирани во Индустриската зона                            „ Неготино“ кај Црвени Брегови со намена за Г-2 лесна индустрија и Г-4 стоваришта, се продадоа сите понудени 17 парцели.

 На предходно одржаните 2 јавни наддавања се продадоа вкупно 10 градежни парцели на површина од 16 хектари, што значи продадени се сите понудени 17 парцели на вкупна површина од околу 24 хектари.

 Станува збор за инзвонредно атрактивни градежни парцели имајќи ја предвид одличната местоположба на индустриската зона „ Неготино “ со регионален пат и автопат во близина, како и железничка пруга. Според програмата за работа на градоначалникот Апостолов, доколку постои интерес за тоа, ќе се пристапи кон проширување на Индустриската зона „ Неготино “ со нови градежни парцели на површина од 20 хектари, а очекува по добивањето на неопходните за тоа градежни дозволи, инвеститорот со изградба на предвидената инфраструктура да започне во текот на наредната година 2015 година.

 Маја Алексовска



Додади коментар