Привршува реконструкцијата на источната трибина на стадионот во Кавадарци
15-10-2020 РЕГИОН
Општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија со заедничка инвестиција го реконструираат градскиот стадион. 
 
Деновиве привршуваат градежните работи на реконструкција и доградба на источната трибина, по што работите ќе се насочат кон реализација на новото проектно решение за изградба на јужната трибина која ќе биде целосно покриена со кровна конструкција - информираат од локалната самоуправа.
 
 
 
После реконструкцијата на трибините, на стадионот ќе бидат поставени 2000 нови столчиња кои веќе се набавени.
Претходно беше отстранета старата трева од фудбалскиот терен, кој потоа доби нова подлога со систем за наводнување и дренажа. Врз него се постави бусен трева и сега е во одлична состојба.
 
 
Во последната фаза од реконструкцијата на градскиот стадион, Општина Кавадарци целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот.


Додади коментар