Синоќа во Универзалната сала во Скопје, со голем оптимизам и позитивна енергија започна претседателската кампања на кандидатот за претседател, професорот Стево Пендаровски. Тој во својот говор, ги постави принципите врз кои ќе се темели неговиот претседателски мандат, доколку ја добие довербата на граѓаните на Македонија. Тоа се слобода, еднаквост и правда, начела, чие значење беше потиснувано во изминатите пет години.
Почитувани, професорот Пендаровски се заложи дека со сиот свој авторитет и енергија, ќе се бори за македонските граѓани да бидат третирани подеднакво, а не делени според партиска основа. Тој исто се заложи и истакна дека младите во него ќе го имаат најголемиот сојузник. Понатаму, со огромна енергичност, тој нагласи дека секогаш ќе излегува јасно и гласно да ги брани интересите на сите граѓани, и потенцираше дека „спомениците не се поважни од граѓаните”, туку граѓаните и нивната благосостојба треба секогаш да имаат приоритет!
Пријатели, досега имавме претседател на кој не му го слушавме гласот и кој секогаш се криеше во сенката на премиерот и партијата на власт. На Македонија таков претседател не и треба! На Македонија и треба човек со авторитет и почитуваност. На Македонија и треба претседател кој доколку е потребно ќе се спротивстави на било која влада, ако интересите и слободата на граѓаните се загрозени. Токму таков човек е Стево Пендаровски! Вешт дипломат, почитуван во Европа и светот и близок до граѓаните!
Затоа, уште еднаш ве покануваме утре да излезете масовно уште од 11 часот и да ги искажете вашите идеи и да разговарате со професорот Стево Пендаровски, а подоцна во 19 часот попладне да се собереме уште помасовно на градскиот плоштад и да му дадеме огромна подршка на Стево Пендаровски, идниот претседател на Република Македонија!
(интегрален текст од прес конференција)
Додади коментар