По седми пат доделени ваучери на новороденчиња во Неготино
06-11-2014 РЕГИОН

Триесет и еден ваучер во износ од 7000 денари, денеска во големата сала на општина Неготино градоначалникот Ванчо Апостолов ги додели. Покрај еднократната парична помош, на новородените деца градоначалникот им додели и пригодни подароци.

 

Овие парични средства се доделени врз основа на донесената одлука од страна на општина Неготино, со цел за стимулирање на наталитетот во општината. Мерката за субвенционирање на новороденчиња во општина Неготино е донесена во месец септември минатата година, и оттогаш па наваму значи веќе повеќе од 1 година се применува, за која градоначалникот Апостолов вели дека ќе помогне во зголемувањето на наталитетот во општина Неготино.

 

Инаку оваа еднократна помош  се доделува по 7 пат како вид поддршка за новите родители. Финансиските средства за овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, и следејќи ја политиката на Владата на РМ за зголемување на наталитетот е втора општина во која се доделуваат вакви ваучери за новородени деца. Дел од присутните родители изразија јавна благодарност до градоначалникот и истакнаа дека ваквиот тип на помош добро им доаѓа во овој период по добивањето на принова во семејството.

Маја Алексовска

Додади коментар