Почина еден од најдобрите фудбалери во историјата на кавадаречкиот фудбал
17-01-2019 СПОРТ

 

IN MEMORIAM
Вчера 16 јануари 2019 година по кратко боледување почина Ангел (Ано)
Кимов, еден од најдобрите фудбалери во историјата на кавадаречкиот фудбал.
Роден е во Кавадарци во 1948 година, каде заврши основно училиште и
гимназија.. Беше свестран спортист освен фудбал одлично играше ракомет,
пинг понк и кошарка, а ни помогна нас на кошаркарскиот клуб Тиквеш во
квалификациите за влез во македонската лига во 1970 година. Фудбал започна
да игра многи рано, а остана запаметен по неговиот силен и прецизен шит од
кого стравуваа сите голмани. Според сочуваната евиденција само за
првенствени натпревари за ФК “Тиквеш“ Ано има постигнато 194 гола., а
сигурно таа бројка е многу поголема бидејќи евиденцијата не е целосна. Тој
има добиени примамливи понуди од голем број клубови како “Вардар“-Скопје,
“Пелистер“-Битола, “Победа“-Прилеп, но тој остана доследен на својот
матичен клуб “Тиквеш“ и на Кавадарци. Ано како што популарно го викаа
навивачите држи уште еден рекор во Тиквеш, на натпреварот со Астибо од Штип
има постигнато дури 6 гола, рекорд кој до сега не е надминат. За ФК
“Тиквеш“ Ано настапува цели 16 години, и малкумина фудбалери можат да се
пофалат со толкав стаж во еден клуб.
Во 1978 година во првенството на МФ лига Ангел Кимов со 32 постигнати гола
беше прогласен за најдобар стрелец, а ФК “Тиквеш“ стана шампион освојувајќи
го првото место во лигата. Оваа награда Ано ја има постигнато уште два
пати. Ано престана активно да игра фудбал во 1982 година, но целосно не се
прости од неговата најголема љубов. Продолжи да работи како тренер најпрво
во ФК “Габер“, а подоцна и во “Тиквеш“ во првата и во младинската екита. За
својот придонес во афирмирање на фудбалот и кавадаречкиот спор е одликуван
со бројни награди и признанија.
Нека му е вечна славата на големиот фудбалер, спортски работник и пред се
добар човек.

Додади коментар