Попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за невреме

Денес се уште ќе биде натпросечно топло (со дневни температури околу 30 степени). Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за невреме со појава на град.

 

Утре ќе биде претежно облачно и значително посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер. УВ=5

 

Температурата до 20 степени.

Додади коментар