Показна вежба: Голем пожар во спортската сала во Кавадарци
23-11-2019 РЕГИОН

Голем е бројот на повредени во пожарот кој избувна во спортската сала во Кавадарци. Потребно е дејствување на сите надлежни служби за извлекување на повредените, пружење помош и заштита на објектот... Дејствуваат два хелекиптери, противпожарни возила и возила на итната медицинска помош...

 

Ова е дел од сценариото за денешната голема показно-тактичка вежба за спасување што се одржа во Кавадарци организирана од МВР.

 

Во вежбата беа вклучени два хеликоптери на МВР, припадници на единицата „Тигар“, единицата за службени кучиња при МВР и припадници на крим-техника и сообраќајна полиција од СВР Велес – полициска станица Кавадарци.

 

Исто така учестуваа локалната самоуправа, територијалната против пожарна единица Кавадарци и Неготино, итната медицинска помош Кавадарци, општинската организација на Црвен Крст Кавадарци и подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

Организаторот на вежбата искажа висока оценка за дејствувањето на сите институции заедно.

 

повеќе во видеото:

 

 

Додади коментар