Пожар зафати куќа во центарот на Кавадарци (ФОТО)

 

 

Пожар избувнал ноќеска околу 3.30 часот во куќа која се наоѓа во центарот на Кавадарци. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите избегнати се поголеми штети и не е дозволено пламените јазици да ги зафатат соседните објекти.

 

Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информираат дека интервенирале околу час и половина со четири возила и десет пожарникари. Борбата со пламените јазици не била едноставна, бидејќи во тој дел на градот куќите се стари и лепенки една со друга. Дополнителен проблем бил тешко пристапниот терен во тесната уличка “Тошо Велков -Пепето”.

 

  

 

 

Додади коментар