Пожар во објект во Сопот каде се одгледувале кокошки

Утринава околу 5 чаот во селото Сопот изгоре објект во кој се одгледувале кокошки и пилиња. Пожарот настанал при затоплување на малечки пилиња со сијалица.

 

Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, пожарот не се проширил на куќата и на околните објекти. Причинета е материјална штета од ококу 1000 евра.

 

Територијалната противпожарна единица Кавадарци излегла на лице место со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

 

А.Д

Додади коментар