Повторно спречена појава на град во повеќе региони на територијата на нашата држава

Во текот на вчерашниот ден, со помош на новата метода за заштита од град со авионско засејување на облаците, повторно успешно е спречена појава на град и не е причинета материјална штета на земјоделските посеви.

 

Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје, вчера во периодот од 16:13 часот до 18:43 часот изврши авионско засејување на градоносни облаци и потенцијално градоносни облаци со 29 палки (една палка содржи 400г сребро јодит).

Првото дејствување врз градоносен облак  е во периодот од 16:13 до 16:35 часот во јужниот дел на Пелагонија и Ресенско, каде е дејствувано со 12 палки сребро јодит, а потоа во реонот на Кратово од 17:16 до 17:43 часот со 11 палки. Во 18:03 часот дејствувано е со авионско засејување на потенцијално градоносен облак северо-источно од Свети Николе со 3 палки  и во 18:39 часот во Кочанско со 3 палки.

 

Според радарските слики и информациите од нашите земјоделци од терен, засејувањето било успешно. Спречена е појава на град, а со тоа земјоделските посеви остануваат заштитени и без причинета штета.

 

Со овој модерен систем за заштита од град ќе се придонесе за заштита на земјоделското производство од временски непогоди и намалување на сумата којашто изминатите години се издвојуваше за исплата на обештетувања.Управата за хидрометеоролошки работи, активно ја мониторира блачностa и движењето на градоносните облаци, преку радарските центри Тополчани и Ѓуриште. Во целиот процес за заштита од временски непогоди, клучни се радарските системи за добивање на навремени и точни податоци за временската прогноза. Во изминатиот период реновирани се повеќе метеоролошки станици и обновен е и надграден радарскиот систем Ѓуриште, што значително допринесе за точна и прецизна временска прогноза, а современиот начин на дејствување со авионско засејување, досега во веколку наврати покажа дека оваа метода е ефикасна заштита.

 

Земјоделските посеви се заштитени, а со тоа е заштитен и трудот на земјоделците.

 

Додади коментар