Повреден пешак во Кавадарци

         

 

 

Вчера  околу 17.00 часот на улица Илинденска во Кавадарци се случи сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Опел астра“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од З.Р.(30) од Кавадарци удрил во пешак А.М.(30) од Кавадарци и во паркирано возило марка „Даеву ланос“ со кавадаречки регистарски броеви. Во незгодата е повреден пешакот кој по укажаната лекарска помош во Општата болница - Кавадарци е пуштен дома.

Извршен е увид на местото на настанот - информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

А.Д

 

Додади коментар