Повреден возач во сообраќајна незгода кај градските гробишта

 

 

Дваесет и пет годишниот Т.М од село Дреново е повреден во сообраќајната незгода што утринава околу 2 часот се случила на регионалниот пат Кавадарци - Мотел Дреново. Незгодатата ја потврдија од СВР Велес.

 

„Во близина на градски гробишта во Кавадарци , се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Ауди“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од Т.М.(25) с. Дреново – кавадаречко и товарно возило марка „Волво“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од В.Л.(52) од Кавадарци. Во незгодата повредeн е возачот на патничкиот автомобил кој е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

На местото на незгодата увид извршиле полициски службеници од кавадаречката полиција.

 

А.Д



Share

Додади коментар