Парична награда за пожарникарите од Кавадарци кои беа во спасувачка мисија во Турција
09-03-2023 РЕГИОН
 
Денес Општина Кавадарци по одлука на Совет, на иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет д-р Стојанче Рамов, ќе им исплати парична награда во висина од 30.000 денари на деветтемина пожарникари за вонредно залагање и постигнати исклучителни резултати во работење - информираат од локалната самоуправа и додаваат дека овие деветмина пожарникари без размислување заминаа во спасувачка мисија во регионот погоден од катастрофалниот земјотрес во Република Турција. 
 
 
„Момци уште еднаш ви благодариме за вашиот труд и пожртвуваност, што достојно ја претставивте нашата општина и вредностите на солидарност и хуманост, постапувајќи со професионализам помагајќи на нашите пријателски народи кога е тоа најпотребно“ им порачаа на пожарникарите од општина Кавадарци. 


Share

Додади коментар