Панов: „Подготвени сме за справување со евентуални обилни дождови“
23-08-2016 РЕГИОН

Општина Кавадарци заеднос со ЈП Комуналец се подготвени да интервенираат во случај на поголемо невреме и поројни врнежи, рече денеска градоначалникот Панов. Тој во изјавата за медиумите информира за се што досега е направено, со цел да не дојде до излевање на водата од коритото на реката Луда Мара, а упати апел граѓаните да покажат поголема одговорност и да не одлаагаат градежен шут на места кои придонесуваат за затнување на канализационите мрежи, но и повлекување на отпадот од поројот и носење во централното градско подрачје.

 

„Повеќе години наназад, имајќи го искуството на претходните градоначалници кога се излеа речното корито на Луда Мара, заедно со инженерите  на Комуналец работевме макотрпно, она што не се гледа пред граѓаните да го направиме видливо. Еден од проектите кои ги реализиравме,  а значи поголема безбедност тоа е коритото на Луда Мара и поголема  пропусност на водата и наносот кој таа го носи. Последните три години се реализира идејата на професорот Лисичанец. Тој ни укажа дека треба да се уредуваат одредени долови, кои што при поројни дождови носат многу шут, камења, песок, а со тоа се  полни  коритото на реката Луда Мара, а тоа е основа да се излее водата“ рече Панов.

 

Тој информира дека секогаш при поројни врнежи вработени во ЈП Комуналец дежураат во новиот центар и на други локации каде се собира поголема количина на вода, со цел да ги расчистуваат решетките од атмосферската канализација.

 

“ Нормално, да не ни се случи она од Стајковци, 100 литри  за краток период, нешто со што ни Јапонија како најорганизирана држава не може да се справи. Меѓутоа ние мораме да го сториме она што е од нас,  другото е од господ. Ние во изминатиот период направивме многу како локална самоуправа и Комуналец за да бидеме спремни во секој момент, за да не не изненади поголема количина вода.“ рече Панов.

 

Градоначалникот се осврна и на несовесните постапки од одредени граѓани кои депонираат смет на места кои не се за таа намена.

 

„Поради негрижа на одредени граѓани на одредени места доаѓа до затнување на канализационата мрежа. Исто така има примери на  непрописно одлагање на шут во одредени долови, како што е кавадаречки дол, а потоа тој шут со водата се носи до централното градско подрачје.“ рече Панов и апелираше до граѓаните градежниот шут и останатиот отпад да се депонира на депонијата Мелци за што не се наплаќа.

 

Градоначалникот нагласи дека екипи од локалната самоуправа и Комуналец помагале на граѓаните во Стајковци за справување со штетите од поплавите.

 

„ И општина Кавадарци со Комуналец од првиот ден имаше своја екипа и механизација на терен. Политичките партии исто така помогнаа. За ВМРО-ДПМНЕ знам дека  неколку пати упатуваше екипи преку месните комитети, меѓутоа да не дојдеме да се помагаме. Бидејќи требна да учиме од гршките на другите, апелирам да не се сечат шумите, да не одлага сметот  од урнатите куќи на места каде не е место за тоа, каде иден порој може да го однесе тоа и да направи штета во градот“ рече градоначалникот.

 

Aнгел Данов



Додади коментар