Отворен еден од најсовремените хорти центри во регионот
17-04-2015 РЕГИОН

Во Свети Николе денеска беше отворен еден од најсовремените  центри за оранжериско производство на Комапнијата Балкан Грин Хаус. ВО овој хорти центар во кој се вложени 1,5 милион евра е применува врна технологија, базирана на научни достигнувања и применето истражувањр, а истовремено ќе се спроведува специјализирана обука на кадри за едикасно управување со системите на производство.

На свеченото отворање на овој хорти центар присустуваше и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој нагласи дека Република Македонија има природен потенцијал за квалитетно земјоделско производство, кое со примена на напредни технологии, современи техники и знаења ќе даде позитивни резултати. Како што нагласи Цветков, изградбата на современи расадници за производство на здравствено  исправен расад за градинарски култури е еден од важните приоритети во стратегијата за земјоделство и рурален развој во наредниот седумгодишен период.

 

Благодарение на поволната клима, богатите природни ресурси и долгогодишното искуство во производството, земјоделието е важна гранка во македонската економија. Земајќи ги во предност овие услови, Балкан Гринхаус гледа можности и потенцијал за развој на секторот за оранжериско производство. Крајната цел на компанијата е да се подигне хортикултурата на Балканот на повисоко ниво.

 

Оваа инвестиција ја поздрави и амбасадорот на кралството Холандија во Македонија Јооп Шеферс и ја нагласи успешната соработка помеѓу Холандија и Македонија.

 

Градоначалникот на Свети Николе,Зоран Тасев,  рече дека општината располага со земјоделско земјиште и е отворена и за нови вакви и слични инвестиции. (повеќе во видео изданието на вестите)

А.Д



Додади коментар