Отворен ден на полицијата за најмладите
06-05-2014 РЕГИОН

Во рамки на 7 ми мај денот на македонската полиција денеска ПС од ОН Кавадарци во малиот парк наспроти станицата организираше отворен ден за граѓаните, учениците и децата од градинка. Пред сите нив оделението за превенција го презентираше возниот парк и дел од полициската опрема која главно се користи на терен при сообраќајни и други акции.

Нај импресионирани од целиот настан и блискоста со луѓето од Полицијата сепак беа најмладите од детската градинка Рада Поцева кој се интересираа детално за се, што работи полицијата, за кого е лош полицаецот, дали на непослушните веднаш им става лисици и дали лошите деца одат во затвор.Интересни и пред се искрени прашања од главите кој неумеат да лажат.Многу од нив се плашат од самиот поим Полиција, но денешната иницијатива на МВР  е одлична бидејќи одблиску и ние добиваме можност да им обајсниме на нашите деца дека функцијата на овој орган е да се грижи за мирот и безбедноста на сите вели воспитувачот Загорка Стаменова.

 

Не само дечињата од градинка за функцијата на полициската опрема доста заинтересирани беа и средношколците.Панцирни одела, професионални шлемови, алко тест апаратот и популарното полициско токи воки и на нив им беа достапни да ги стават на себе и да пробаат како функционираат.На отворениот ден организиран од Полициска станица Кавадарци денеска доста интерес појавија и граѓаните особено оние кој излегоа на прошетка со најмладите искористувајќи го по неколку дена дожд ,денес убавото сонце.Генерално Полицијата беше достапна за сите.Отворена да разговара со нив и да одготори на прашањата поставени од граѓаните.

Mилица Младенова



Додади коментар