Отворен ден на Агенцијата за храна и ветеринарство во Неготино
03-03-2015 РЕГИОН

Директорот на  Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски, со претставници од секторите и одделенијата во Агенцијата  учествуваше  на првиот ден во Неготино од Отворените денови на Агенцијата,  кои  за граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе се реализираат овој месец во подрачните единици на Агенцијата.

На средбите, граѓаните и компаниите од  земјоделско-прехранбениот сектор  имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивни интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, како и да побараат стручна помош.

„Ќе ги посетиме сите општини и градови. Само така можеме да ја добиеме целосната слика на прблемите кои ги има на терен, да ги примиме обработиме и  да им излезиме во пресрет на операторите на храна. После овие овие отворени денови се надевам дека ќе имаме  реални решенија на проблемите.  Најголеми проблеми со кои се соочуваат  сточарите е болеста син  јазик која се појави  минатата година. Сотчарите се  итнересираа како ќе  се сузбива  оваа болест доколку повторно се појави и за обештетувањето од државата за  угинатата стока“ рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Денеска беше  промовиран Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ, кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.

„Најпрво беше предвиден за оние оператори со храна кои извезуваат во ЕУ, бидејќи стапи регулативата за информации за храната од 13 декември 2014 за нашите извозно ориентирани комапнии. Овој прирачни к е добар и за производителите и оператори на храна кои ги пласираат производите и на домашниот пазар. Овие одредби стапуваат на  сила од јуни месец годинава и мора истите да се применуваат“ нагласи Поповски.

Градоначалникот на Неготино Ванчо Апосотолов нагласи дека локалната самоуправа има одлична соработка со АХВ и секогаш е во контакт со оваа институција.

Ангел Данов

Додади коментар