Општински противпожарен квиз натпревар во Велес
05-11-2014 РЕГИОН

Училиштето „Свети Кирил и Методиј“ во категоријата основни и „Коле Неделковски кај средните,  се победници на годинешниот општински противпожарен квиз. Натрпеварот се одржа денеска во салата „Бели мугри“ .  Од противпожарниот сојуз на Велес велат дека учениците имале доволно време да се подготват за квизот.

 

На општинскиот противпожарен квиз се натпреваруваа петте основни и четирите средни училишта. одговараа на 15-тина прашања. Се проверуваше знаењето за спречување и постапување во случај на пожар. Победниците од денешниот натпревар ќе учествуваат на регионалниот противпожарен квиз.

 

Општинскиот противпожарен квиз е традиционален. Годинешниот е 32 по ред.

З.Ј

Додади коментар