Општина Неготино објави јавен повик за семејства кои ќе прифатат волонтери на Мировен корпус
03-08-2018 РЕГИОН

 

И оваа година Мировниот корпус пројави интерес, потреба од семејства-домаќини кои би сакале да прифатат во својот дом волонтер на оваа владина невоена организација.За таа цел Општина Росоман објави јавен повик преку кој Локалната Самоуправа би обзебедила семејства згрижувачи на волентери од мировниот корпус.

 

Имено заинтересираните би биле домаќини во периодот од 29.септември 2018 до 08.декември 2018. Општината информира дека заинтересираните семејства можат да пополнат формулар во Локалната самоуправа во канцеларијата за Локален економски развој на 3ти спрат, соба бр.26 или, пак, да се обратат кај лицето за односи со семејствата-домаќини Кристина Ангелевска од Мировен корпус преку електронската пошта.Преку јавниот повик објавен и на официјалната веб страна на Општината заинтересираните семејства ќе можат да ја симнат и брошурата на Мировниот корпус и апликацијата за учество во повикот.

 

Преку деталите потенцирано е деа Мировниот корпус е американска владина невоена организација, основана во 1961 година од претседателот Џон Кенеди, посветена на светскиот мир и пријателството, а нејзините три цели се да обезбеди волонтери што ќе дадат придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства, да им помогне на луѓето од земјите домаќини за подобро разбирање и да им помогне на луѓето од Америка да стекнат добро разбирање за народите од земјите ширум светот. Во Македонија , Мировниот корпус е на покана на македонската влада.

 

Волонтерите живеат и рабтат во локалните заедници две години. Тие не примаат плата, а Мировниот корпус ги покрива сите нивни трошоци за живеење.Волонтери се Американци со најразновидно потекло, припадници на разновидни етнички групи и возрасти, со најразлични способности и искуство.

 

Волонтерите во вашето семејство ќе научат за македонскиот семеен живот и култура, ќе ги разберат сличностите и разликите, полесно ќе се навикнат на македонскиот начин на живот, ќе го научат полесно македонскиот јазик и со учество во вашите семејни обврски ќе се чувствуваат како дел од вашето семејство.Вие пак како семејство ќе треба да го прифатите волонтерот на мировниот корпус како дел од семејството, да го вклучите во вашите активности, да му помогнете да биде угледен член на типично македонско семејство и да му помогнете во изучувањето на македонскиот јазик.

 

Семејствата кои ќе сакаат да се дел од оваа обука ќе треба да исполнуваат и одредени критериуми појаснети во јавниот повик, а истите за услугата на згрижување ќе добиваат и паричен надомест за секоја недела од престојот на волонтерот во висина од 4000 денари неделно, износот кој е наменет за покривање на трошоците за јадење и сместување на волонтерот.

 

M.M

Додади коментар