Општина Кавадарци со препораки за намалување на загадувањето на воздухот!
23-12-2016 РЕГИОН

Осумнаесет дена концентрацијата на ПМ10 честичките во Кавадарци е неколку кратно над дозволеното. Кавадарчани дишат загаден воздух. Денеска на пладне, резултатите од мерната станица покажаа 278 микрограми на метар кубен.

Од општина Кавадарци денеска упатија низа препораки за намено аерозагадување:

 

Општина на Кавадарци упатува  Апел со препорачани мерки за намалување на арео загадувањето. Апелот е согласно мерките на Владата на Република Македонија.

Се препорачува:

- редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветните метеоролошки услови.

Општината Кавадарци упатува апел со следните препораки до граѓаните:

-       Почесто да го користат јавниот превоз,

-       да не ги користат возилата без поголема потреба,

-       да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време.

-       да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал. 

 

-       Препорака до градежните фирми е да се избегнува палење на остатоци од градежниот шут на отворен простор. Истиот задолжително да се транспортира до депонијата „Мелци“.

 

-       Општината го задолжи инспекторот за животна средина да изврши дополнителни контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при затоплување на просториите со неедозвиолени горива да преземе соодветни мерки.

 

Општината ги замолува граѓаните кои ќе забележат или регистрираат  активности кои придонесуваат за дополнително загадување на воздухот и животната средина, истите да ги пријават задолжително  кај инспекторот за Животна средина во соба бр. 14 во општината Кавадарци.

 

 



Додади коментар