Општа болница Кавадарци: За една година ја вративме изгубената доверба на пациентите
17-08-2018 РЕГИОН

 

Раководството на општа болница Кавадарци денеска преку соопштение ја информира јавноста за реализираните проекти во изминатата една година по превземањето на раководната позиција, но и за приоритетите за следниот период. Освртот е ставен на подобрувањето на состојбите во гинеколошко-акушерското одделение.

 

Веднаш по доаѓање на новото раководство се пристапи кон целосна и детална анализа како на работењето и функционирањето на целата здравствена установа, така и на секој оддел поединечно, при што беше затекната загрижувачка состојба на одделението за Гинекологија и акушерство. На одделението работеше само еден доктор специјалист по Гинекологија и акушерство, а немаше воведено и профилирани дежурсва. Со тоа полека беше изгубена довербата на пациентките и беше намелен квалитетот на здравствените услуги на истото одделение - пишуваат од кавадаречката болница.

 

Непосредно и без одлагање по вака утврдената фактичка состојба се отпочнаа преговори со Гинеколошко-акушерската клиника – ГАК во Скопје за ангажирање на доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, врвни стручњаци во својата област. Истите беа ангажирани за вршење на здравствена дејност во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, од 01.10.2017 година. Нивниот ангажман подразбира присутност на специјалист по Гинекологија и акушерство , 24 часа дневно и 7 дена во неделата во Јавната Здравствена Установа. Со тоа се овозможи воведување на профилирани дежурства во истото одделение.         

 

Од особена важност е да се напомени круциелното значење, нужноста и неопходноста на вака превземаните мерки поради тоа што во Гинеколошко- акушерското одделение при ЈЗУ Општа болница – Кавадарци се наоѓа единствето породилиште во регионот кое опслужува граѓани од четири Општини (Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија).

Денес огромна чест и задоволство е да Ве известиме дека Одделението за Гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница Кавадарци функционира беспрекорно благодарение на вака превземаните мерки и активности и се разбира благодарение на докторите специјалисти по Гинекологија и акушерство од ГАК - Скопје кои се дел од тимот при ЈЗУ Општа Болница Кавадарци.           

                       

За успешноста на мерките за зголемување на довербата во Гинеколошко- акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци, говорат и податоците за прегледите, породувањата, интервенциите и операциите гледани во првата половина од 2018та година (01.01.2018-30.06.2018) споредбено со податоци за истиот период минатата година (01.01.2017-30.06.2017).

Податоците за Гинеколошко-акуперското одделение при ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци се следни:

 

  1. Бројот на прегледи во првата половина од 2018-та година изнесува 1.211 прегледи, додека истиот период минатата година изнесува 941 преглед, што укажува на зголемување од 23% .
  2. Бројот на породувања оваа година изнесува 223 породувања, додека во 2017-та тој број е 207. Ова покажува зголемување на бројот на породувања од приближно 10 % во однос на 2017-та година.
  3. Бројот на извршени операции на одделението за гинекологија и акушерство изнесува 63, додека во истиот период во 2017 -та година има извршено 48 оперативни зафати, што покажува зголемување од 23 % .
  4. Бројот на интервенции во првата половина од оваа година изнесува 185 интервенции, додека во во истиот период во 2017-та година биле изведени 143 интервенции на одделението за Гинекологија и акушерство, што укажува на зголемување од 22 % во однос на 2017-та година;

Како новитет е и воведувањето на профилирани дежурства на одделението за Педијатрија и неонатологија од 01.06.2018 година, со ангажирање на специјалисти по Педијатрија од Клиниката за детски болести од Скопје. Со тоа, покрај обезбедената 24-часовна нега за родилките исто така е обезбедена и 24- часовна нега и грижа и за новороденчињата.

 

Сето претходно споменато укажува на тоа дека полека, но сигурно се враќа изгубената доверба на пациентките во одделението за Гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци. - стои на крајот во соопштението од Општа болница Кавадарци.



Share

Додади коментар