Опожарен стан во Кавадарци

Никој не е повреден во пожарот кој ноќеска околу полноќ избувнал во стан во новиот центар на Кавадарци.

 

Од противпожарната единица информираа дека интервенирале со две противпожарни возила и тројца пожарникари. Благодарение на брзата интервенција спречено е ширење на огнот и на останатите станови. 

Се работи на утврдување на причините за пожарот и висината на причинетата штета во станот.

 

Командирот на кавадаречката поротивпожарна единица, Илчо Богевски упати апел граѓаните да бидат внимателни кога на еден штекер приклучуваат повеќе електрични апарати.

 

A.Д

Додади коментар