Онлајн судење во кавадаречкиот суд
07-04-2020 РЕГИОН
За прв пат денес во Основниот суд Кавадарци расправите за четири судски предмети се одржаа со online судења, со користење на електронска платформа за двонасочна комуникација Microsoft Teams со што се овозможи судењата со сите инволвирани учесници да се одржат без нивно заедничко физичко присуство во зградата на судот.
 
 
 
Во предметите за денешните online судења на Основниот суд Кавадарци учествуваа : Основното Јавно обвинителство Кавадарци, ЈУ Меѓуопштински Центар за социјални работи Кавадарци и адвокатите застапници на странките во постапките.
На овој начин, судот и сите други учесници во постапката, ги презедоа и обезбедија сите мерки за превенција,со обезбедување на социјалната димензија за време на воспоставената вонредна состојба, со цел за непречено одржување на расправите и преземање дејствија во текот на судските постапки.
 
 
Основниот суд Кавадарци ја користи оваа прилика да им изрази огромна Благодарност на стручниот и професионалниот пристап и посветеноста во ова време на : Основното јавно обвинителство во Кавадарци и јавните обвинители кои учествуваа во денешните постапки, на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи Кавадарци и нивниот стручен тим, како и на адвокатите кои со своите знаења и способности се охрабрија за прв пат да учествуваат и да помогнат да се одржат овие online судења.

 

Додади коментар