Од сабота до понеделник дожд и пониски температури

Од сабота до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.).


Температурата значително ќе се намали информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Утре ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд.

Tемператуа до 30 степени.

 

 



Додади коментар