Од пролет ќе се крпат ударните дупки низ улиците во Кавадарци
17-02-2015 РЕГИОН

Со стабилизирањето на временските услови и покачување на температурата локалната самоуправа Кавадарци ќе започне да ги санира ударните дупки. Годинава во буџетот се планирани три милиони денари кои ќе се искористат за оваа намена. Ќе се покријат ударни дупки со површина од 2100 м2 на градските улици. Од општината денеска добивме информации дека тендерот не е распишан, а крпењето на дупките ќе во  почетокот на пролетта.

 

Најкритичен за возачите потегот на улицата „Стршо Пинџур“ на влезот во Ваташа кај зградите „Силекс“. Градоначалникот Александар Панов во емисијата ТВ Објектив на КТВ најави дека дупките на овој потег уште оваа година ќе се крпат, а веќе од следната најоштетениот дел ќе се замени со нов асвалтен слој на трошок на општината, иако оваа улица е дел од регионален пат и надлежност за одржување има Македонија пат.

 

Со општински пари се интервенираше и во изминатите години на повеќе улици кои се главни сообраќајници во градот, иако се дел од регионални патни правци и не се под општинска надележност, се со цел, како што велат од општината, да им се излезе во пресрет на граѓаните и да не си ги оштетуваат возилата на ударни дупки.

Ангел Данов

Додади коментар