Од билтенот на МВР: затруена кавадарчанка, кражба на нафта, превртено возило со кое се пренесувале мигранти

 

 

 

 Шеесет и девет годишната  Т.Т од Кавадарци починала поради труење. Таа  била донесен во кавадаречката болница со видливи знаци на труење и поради серозноста на здравствената состојба,  лекарите ја препратиле на лекување  во Клиничкиот центар во Скопје, каде  починала.

 

Од полицијата информираат дека случајот кај нив го пријавиле од болницата околу 18 часот.                                        

 

Полицијата добила писмо од Специјалниот завод во Демир Капија на 28 септември со кое било пријавено дека во периодот од 19 до 28 септември од просторијата каде биле сместени котлите за парно греење и резервоарите биле одземени 8000 литри масло за греење.

 

Во полицискиот билтен е наведена и сообраќајна незгода која утринава во 06.30 часот се случила на автопатот Градско -Велес.

 

„Патничко возило „РеноЕспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело.  По незгодата, возачот  побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти од кои двајца биле повредени. Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а поради карактерот на повредите биле префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски и додава дека полицијата певзема мерки за расчистување на случајот.

 

Увид на местото извршила екипа од СВРВелес.  

 

А.Д

 

Додади коментар