Финансиската поддршка согласно Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година, се остварува со поднесување на Барање до Министерството за неповратна финансиска поддршка. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот. Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата - информираа денеска од МЗШВ.
Барањето заедно со документите се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.
Сите детални информации како и документи за превземање за двата повици достапни се на следниве линкови:
https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2906
https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2905

Додади коментар