Обновени фасадите на три згради на „Илинденска“ во Кавадарци
04-09-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци во соработка со дуќанџиите и поголем дел од фирмите кои имаат деловен простор во БИД зоната на улицата „Илинденска“ реализираше проект за освежување на фасадите на три згради.

 

Според проектот се работеше на крпење и бојадисување на фасадите на три згради кои во пресрет на општинскиот празник 7 Септември и престојниот „Тиквешки гроздобер“ пре кавадарчани гостите од страна ќе блеснат во нов сјај.

 

 

Инаку општина Кавадарци со одлука на советото зградите на улицата „Илинденска ги прогласи како објекти од значење за општината, па врз основа на тоа таа и се грижи за нивно зачувување со автентичната архитектура - информираат од прес службата на општина Кавадарци.



Додади коментар