Нов случај на корона вирус во Кавадарци
29-06-2020 РЕГИОН
Денеска е дијагностициран уште еден нов случај на корона вирус во Кавадарци, потврдија од Центарот за јавно здравје.
„Станува збор за жена на 50 годишна возраст. Нема симптоми и е на домашно лекување. Работиме на утврдување на нејзините контакти“ рече за КТВ епидемиологот д-р Ристе Јовановски.
Дознаваме дека жената е вработена во „Дрекслмајер“ Кавадарци, но веќе десет дена не одела на работа. Се сомневала дека е инфицирана од нејзиниот сопруг кој бил возач.
Во Кавадарци ова е девети активен случај на вирусот, а дијагностицирани се вкупно 15 лица од почетокот на епидемијата.
А.Д

Додади коментар